Секој притисок врз Специјалното јавно обвинителство во врска со пуштањето од притвор на Зоран Верушевски, особено оној што доаѓа од диригирани квазиексперти (ловци во матно), го сметаме за директен атак врз независноста на правосудството и правдата, истакнува ФРОДЕМ.
– За попречување на правдата и слични злоупотреби следува кривично гонење и конфискација на целукупниот фамилијарен имот. Тажно е за една држава, за нејзиниот напредок и за иднината на младите генерации, за грст пари или за ветени позиции, да се извршуваат вакви нарачани пропаганди. Сега пост-фестум кога се е кристално јасно, режимот во заминување, преку инфатилна „фабричка“ манипулација и преку медиумите кои се партиски испостави, кукавички притиска злоделата да ги префрли врз други полтички субјекти и поединци – велат од ФРОДЕМ.
Од овие причини, ФРОДЕМ смета дека е крајно време да се создаде законска обврска во Собранието, Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и цивилното општество во иднина да носат краткорочна и долгорочна стратегија за национален развој на Македонија.