459
Разочараните граѓани мора да соберат сила, да се сплотат и да станат единствена опозиција во државата, порачува Движењето ФРОДЕМ на Јове Кекеновски. Од таму сметаат дека власта е неспособна и алчна, додека опозицијата е уште поалчна и неодговорна.
„ФРОДЕМ е подготвен и нуди соработка за заеднички народни реформи за демократизација и деполитизација на државата, чија прва задача треба да биде ослободување од криминалните структури и нивна одговорност. Взаемното уважување во доследната борба за демократија, правда, лично и национално достоинство и чесност е единствениот здрав патриотски однос“, велат од ФРОДЕМ.