ФРОДЕМ информира дека целосно го поддржува договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија. Договорот е голем исчекор за Македонија во евроатланските интеграциони процеси. Со подобрувањето на односите со Бугарија, Македонија јасно докажува дека е фактор на стабилизација и развој на добрососедските односи на Балканот, велат во соопштение.
„Со овој договор Македонија јасно покажува дека одбива да биде затворена, криминализирана, пропадната енклава на Балканот. Овој договор е почеток на крајот на криминалното антимакедонско мешетарење на остатоците од ненародниот режим. Почеток на крајот на долгогодишните вештачки заладени односи.
Груевски сега, криејќи се зад нелегитимни квази партиски органи, преку неподржување на договорот и преку блокади на парламентот, се обидува да се испазари за аболиција на неговиот криминал“, се наведува во соопштението.
Од ФРОДЕМ велат дека Груевски нема елементарна доблест да излезе и да каже зошто оваа корисна работа за Македонија самиот не ја заврши.