Фрлена експлозивна направа во пекарата на Владо Мисајловски

by fokus

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски утринава објави дека ноќеска била фрлена експлозивна направа во неговата семејна пекара во Ѓорче Петров.

-Фала му на Бога нема човечки жртви ниту некој е повреден. На свовиден начин се продолжува пироманската традиција откако претходно во текот на изборите 2017та година имаше пожар во мојот дом. Нема да навлегувам што и како, кој е и каква е нарачката. Пораката која ја праќаат до мене пред стартот на кампањата сама си се испишува, ама одговорот е дека нема да ме поколебате, ниту исплашите!, напиша Мисајловски на Фејсбук.

Се очекуваат повеќе информации од МВР во текот на денот.

Поврзани новости