Фридом хаус: Само 3 поени ја делат Македонија до целосно неслободни медиуми

by lali

Само три поени ја делат Македонија од „делумно слободна“ во однос на слободата на медиумите, да влезе во графата „неслободна“ земја. Ова го покажува последниот извештај на Фридом хаус за 2013 година, каде што земјава го дели 122-то место (од вкупно 197) заедно со Конго и Кенија.   Пред нас се Албанија, Молдавија, Босна и Херцеговина, Никарагва, Танзанија, Романија, Црна Гора…. Македонија, според слободата на медиумите има 57 поени, а веќе од 60-тиот поен, земјата влегува во неслободни држави.

Зад Македонија се Турција, Украина, Кина, Сирија, а последното, 197 место е отстапено за Северна Кореја.

„Лоши работни услови, недостаток на безбедност, ниски примања и притисок од сопствениците и уредниците се најчестите проблеми со кои се соочуваат новинарите во Македонија“, се вели во извештајот на Фридом Хаус.

Судејќи според минатогодишниот извештај, Македонија доживува пад за две места и за еден поен.

Од 2009-тата година па наваму, Македонија паднала за 11 места на глобалната ранг листа.

 

Поврзани новости