Северна Македонија забележала демократски напредок лани, но и забележана е силна политичка поларизација, стои во најновиот извештај „Нации во транзиција“ на „Фридом Хаус“.
Во извештајот се мери демократскиот напредок на државите во транзиција за период од една година.
Северна Македонија добила оценка 3.86 за демократски прогрес, а во претходниот извештај оваа оценка беше 3.82. Во категоријата национално демократско владеење државата добила оценка 3.50, за изборен процес 4.50, за граѓанско општество 4.75, за независни медиуми 3.50, за локално демократско управување 4.25, за судска рамка и независност 3.25, додека за корупција била оценета со 3.25.
Во Северна Македонија има силна политичка поларизација и парламентарните блокади, кои го попречуваат усвојувањето на законодавството на национално ниво, стои во извештајот на „Фридом Хаус“, и се додадва дека „прогресот на локалните власти во однос на транспарентноста, граѓанското учество и меѓуопштинската соработка, имал забележително позитивно влијание врз демократијата и исполнувањето на јавни услуги“.
„ Граѓаните на Западен Балкан се чувствуваат напуштени од домашните елити кои се спротивставуваат на демократските реформи и од меѓународните елити кои немаат решеност да го следат процесот на пристапување во Европската Унија“, стои во извештајот.
Демократските институции на Западен Балкан продолжиле да слабеат лани, со скромни подобрувања во Северна Македонија, Албанија и во Косово.
Од земјите во Западен Балкан, Северна Македонија е најдобро рангирана. Србија е на второто место со Црна Гора и Албанија.