„Fridays For Future“: Директорите вршат притисок учениците да не учествуваат на протестот за чист воздух

by fokus

Скопскиот огранок на „Петоци на иднината“ („Fridays For Future“) информираат дека директори на средните училишта вршеле притисок врз ученици да не ја бојкотираат наставата во петок и да не учествуваат во маршот на коалицијата Зелен Фронт, објави Радио МОФ.

„Ова однесување на директорите е срамно. Не сакаме да шпекулираме дали тоа е резултат на личен простотилак или партиски инструкции, меѓутоа без сомнение е само уште една индикација за тоа колку е расипан образовниот систем во Македонија, каде приоритетите во развивањето на личноста се целосно испревртени“, стои во реакцијата на иницијативата.

Тие ги повикуваат младите да не потклекнат на закани и потсетуваат дека чистата животна средина е основно човеково право.

„Вие сте надежта дека оваа држава конечно некогаш ќе профункционира, а маршот во петок во 17 часот пред Министерството за животна средина е за вас и за вашата иднина. Вие сте тие кои ќе ја донесат Зелената револуција која ни е толку потребна. Канализирајте го вашиот младешки револт заедно со нас утре, и изборете се за вашите права“, стои во реакцијата на иницијативата.

Поврзани новости