931
Во дебатниот магазин на ТВ21, професорот Љубомир Фрчковски објаснуваше дека сепак се одлучил да поднесе тужба против Стојна Андов за неговата книга, а на прашање дали ја прочитал книгата, тој вели дека не ја прочитал цела.
-Тешко се одлучив, ја контекстира целата таа група помлади политичари, но јас сум најистурен од таа група, веројатно како министер за внатрешни работи. Без никакви докази, со инсуации. Ние сме всушност луѓе кои Глигоров ги внесе во политиката, мене, Денко, Јане Миљовски. Ми беше многу непријатно. Не зависно што тој е стар господин и можеби тотално одлепил комплетно со меморијата или има други амбиции – вели Фрчкоски