Фрчковски не ја негираше автентичноста на новата „бомба“

by fokus

Универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски, за вечерашната „24 Анализа“ во краткиот коментар не ја негираше автентичноста на денеска објавената бомба со неговиот разговор со аналитичарот Алберт Муслиу.

Интересно е што т.н. „нови бомби“ се споделувани од анонимни Фејсбук-профили кои се залагаат за бојкот на изборите. Од СЈО гарантираат дека од кај нив нема протечено ниту еден материјал и најавија дека ќе проверат дали ги поседуваат истите разговори. Според објавените разговори се чини дека станува збор за досега необјавени аудио-снимки.

Поврзани новости