489
Универзитетскиот професор Љубомир Фрчкоски, за вечерашната „24 Анализа“ во краткиот коментар не ја негираше автентичноста на денеска објавената бомба со неговиот разговор со аналитичарот Алберт Муслиу.
Интересно е што т.н. „нови бомби“ се споделувани од анонимни Фејсбук-профили кои се залагаат за бојкот на изборите. Од СЈО гарантираат дека од кај нив нема протечено ниту еден материјал и најавија дека ќе проверат дали ги поседуваат истите разговори. Според објавените разговори се чини дека станува збор за досега необјавени аудио-снимки.