Ирена Фрчковска, адвокат на Катица Јанева, во интервју за ТВ 21 најави дека денеска ќе побара укинување на мерката притвор за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. Фрчкоска ќе бара нејзината клиентка да се брани од слобода со депонирање на соодветна гаранција во недвижен имот.
„Сметаме дека се отпаднати основите за притворот, бидејќи таа веќе не е е специјален јавен обвинител и не може да ја злоупотрбува својата положба и да влијае“, изјави адвокатката Фрчкоска.
Фрчкоска додаде дека доколку се утврди дека е разрешена на незаконит начин, Јанева има право да бара соодветен надомест.
„Законот и дозволува на Јанева да поднесе тужба за разгледување на одлуката за разрешување и да бара соодветен надомест доколку се утврди дека е разрешена на незаконит начин. Но, прво треба да ја примиме одлуката, па ќе видиме како ќе постапиме. Ние сме во фаза на подготовка на барањето за укинување на мерката притвор“, изјави Фрчкоска.