121
Македонскиот амбасадор во Организацијата на обединетите нации (ООН) во Њујорк, Љубомир Фрчкоски, е повикан на консултации во Министерството за надворешни работи и надоврешна трговија.
Информацијата за МИА ја потврдиле од Министерството.
„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека согласно Законот за надворешни работи, македонскиот амбасадор во ОН, Љубомир Фрчкоски, е повикан на консултации во Министерството“, велат од МНР и дополнуваат дека јавноста ќе биде навремено изввестена за сите дополнителни детали.