„Фрчкоски е осуден само за колумна во време на Груевски“

by Фокус

Љубомир Фрчкоски само еднаш е осуден за клевета во 2008 година колумна во весник и не мислам дека тоа за што е осуден го прави недостоен, бидејќи знаеме кој беше Никола Груевски и како владееше и го знаеме текстот на колумната, рече претседателот Стево Пендаровски во врска со испраќањето на Фрчкоски за нов амбасадор во ОН во Њујорк.

Пендаровски на Телма истакна дека против Фрчкоски во други случаи немало кривична пријава, туку само полициски записник.

На прашањето како го коментира фактот што тој заминува во Русија и предава како визитинг професор на Руската претседателска академија, Пендаровски вели тој таму заминувал еднаш годишно како професор по меѓународно право.

-Службите го проверија тоа и од тој аспект нема никакви проблеми – рече Пендаровски.

Поврзани новости