Фрчкоски: Депримира нивото на култура кај министерот за култура

by Fokus

Министерот за култура, Асаф Адеми во изминатите 24 часа е на голем удар од медиумите, поради одлуките неколку фестивали и значајни културни манифестации да не добијат пари од министерството.

Професорот Љубомир Фрчкоски на емисијата „Стадон“ на Канал 77, исто така упати критика кон Адеми, затоа што според него, македонската традиција е една од најбогатите.

„Депримира нивото на култура кај министерот за култура. Нема тука никакво оправдување. Кај културата сите сме чувствителни. Ние немаме баталјони економии, но имаме култура која е на рамниште со нациите кои се поголеми од нас“, истакна Фрчкоски.

Поврзани новости