Фрчкоска за „Фокус“: Јанева била исплашена, полицијата ја однела во ДЗР без никаква најава

by fokus

Адвокатката Ирена Фрчкоска, која е дел од одбраната на Катица Јанева, во изјава за Фокус вели дека Јанева била исплашена кога без најава и покана била однесена во Државниот завод за ревизија (ДЗР) на наводен работен состанок. Адвокатката вели дека на таквиот состанок иако нејзиното присуство не е задолжително, таа била однесена со полиција и не и биле овозможени нејзините права.

-Јанева во знак на револт и била уплашена кога видела јавен обвинител на лице место. За нас е нејасно зошто на наводно работен состанок во Државниот завод за ревизија присуствувал јавен обвинител, вели Фрчкоска.

Таа објаснува дека судот издал наредба за спровод без Јанева да добие покана, и со тоа таа со сила била однесена во ДЗР. Исто така, не и било дозволено да ги повика своите адвокати.

-На тој работен состанок за презентација на ревизорскиот извештај за СЈО не е задолжително нејзиното присуство, односно може, но и не мора да присуствува, вели Фрчкоска.

К.С.

Поврзани новости