683
Руина, темна и студена, без вода и греење. Нема ниту фасонки, а камоли сијалици. Канта за вода, наместо чешма со мијалник. Овие фрапирачки фотографии ја отсликуваат мизеријата во која учат основците од селото Долна Цера, општина Македонска Каменица.
Во оваа дупка, која никој не може да ја нарече училиште, учат деца кои на сета беда околу нив се принудени и да смрзнуваат во четирите ѕида – тие веќе една недела се без дрва за огрев.
Во импровизацијата од училиште нема ни вода за пиење – наместо чешма има канта со вода.
Во истата урнатина, се наоѓа и спомен костурницата на жртвите од битката во месноста Говедар од 1913 година.
Во спортската сала нема струја, не може ни да се влезе, а камоли да се изведуваат какви било рекреативни активности.