370
Ова лето во Шпанија поради високите температури починаа повеќе од 6.000 луѓе, од кои повеќето стари и болни, но и оние кои немаат средства да се заштитат од екстремните горештини.
Овие податоци покажуваат намалување за 50% затоа што во таа медитеранска земја минатото лето починаа најмалку 12.000 луѓе поради високите температури, соопштија од здравствениот институт Карлос Трети и Државната метеоролошка агенција.
Високите температури посебно се опасни за постарите од 80 години и за посиромашните слоеви од населението кои немаат средства за набавка на климатизери, пишува Ел Паис.
Според податоците, само 38 отсто од шпанските домови имаат клима уред.