Французинот им кажа НЕ на Саудијците – ќе се пресели во редовите на европски гигант?!

by Fokus

Килијан Мбапе нема да оди на Блискиот Исток! Оваа информација ја потврди трансфер гуруто Фабрицио Романо, со појаснување дека Французите одбиле какви било преговори со Арапите, чија делегација залудно дошла во „градот на светлината“.

Ал Хилал му понуди на Мбапе фиксна плата од 200 милиони евра за 12 месеци, со комплетни рекламни права. Целиот пакет би ја надминал сумата од 700 милиони европски банкноти, но парите очигледно се втора природа пред претставникот на „триколорите“.

Парижаните веруваат дека брилијантниот напаѓач ги одбил арапските пари бидејќи веќе постигнал договор со Реал Мадрид, но потврда за оваа информација се уште не пристигнала.

Поврзани новости