Француското интернационално училиште во Скопје (ЕФИС) денеска одбележа 20 години од своето постоење. На свеченоста присуствуваа министерот за образование Арбер Адеми и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.
-Се работи за училиште кое веќе 20 години работи со ученици од шест годишна возраст па нагоре, во делот на основното образование и кое е акредитирано од француските министерства за национално образование и за Европа и надворешни работи и истото работи според француските закони и практики. Воедно согласно потпишан меморандум на МОН и Француската амбасада, дипломите се признати и кај нас, учениците може да го продолжат образованието во нашите средни училишта, изјави министерот Адеми.
Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние истакна дека училишето е убава авантура поддржана од француската Влада и ги повика родителите што повеќе да ги запишуваат децата во ЕФИС.
Сопственикот на сопственик на ЕФИС изјави Жан-Франсоа Ле Рок рече дека за овие 20 години во ова училиште учеле над 8.000 деца.
Тој упати благодарност до aгенцијата за обезбедување лица и имот НИКОБ, со чија донација се направени просториите наменети учениците од шесто до деветто одделение, како и поставување висококвалитетен безбедносен систем низ целиот објект и училишно комби.