Француските синдикати: На денешните протести над 1,8 милиони демонстранти

by fokus

Француското Министерство за внатрешни работи тврди дека на денешните протести имало 615.000 демонстранти ширум Франција против реформата на пензискиот систем, додека синдикатите тврдат дека имало 1,8 милиони, јавува дописникот на МИА.

Во моментот кога во Париз заврши дефилето на синдикатите, полицијата одвреме на време испукуваше солзавец, но засега не се забележани судири.

Според префектурата, 27 лица биле уапсени и биле извршени 3759 превентивни контроли.

Додека дел од синдикатите бара повлекување на реформата или нејзината измена, премиерот Едуар Филип пред Националното собрание истакна дека Владата не отстапува од реформата и таа „целосно е определена да ја спроведи”.

Штрајкот во јавниот превоз продолжува и понатаму, со сериозен ризик дека тој може да го наруши заминувањето за обичните одмори.

Поврзани новости