Францускиот премиер поднесе оставка, Макрон побарал да остане на функцијата

by Fokus

Францускиот премиер Габриел Атал влезе во кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон да поднесе оставка, откако владејачката политичка струја ја загуби улогата на најсилна партија во парламентот.

Гардијан објави дека Макрон побарал Атал засега да остане на функцијата.

„Претседателот побара од Габриел Атал засега да остане премиер за да се обезбеди стабилност на земјата“, се вели во соопштението.

Атал вчера веќе изјави дека е подготвен да остане во улогата на вршител на должноста премиер, но одлуката ќе ја донесе Макрон.

Првиот секретар на Социјалистичката партија (ПС) на Франција, Оливие Фор, денеска изјави дека Новиот народен фронт (НФП) – левичарската коалиција која вчера победи во вториот круг од парламентарните избори, ќе предложи свој кандидат за премиер во средината или најдоцна до крајот на неделата.

Форе изјави за Францинфо дека изборните резултати покажале „јасно отфрлање на таборот“ на францускиот претседател Емануел Макрон, чиј центристички сојуз „Заедно“ е на второто место, според прелиминарните резултати.

Форе смета дека резултатите од изборите покажале дека НФП е „единствената веродостојна алтернатива“.

Првиот секретар на француските социјалисти побара и од Макрон да го признае поразот на изборите.

Поврзани новости