Францускиот предлог за Македонија испратен до Народното собрание на Бугарија

by Fokus

Францускиот предлог за одлука за ветото наметнато од Бугарија за почеток на преговори на Република Македонија со Европската Унија е испратен до парламентарната комисија за надворешна политика во Народното собрание на Бугарија, јави БНР повикувајќи се на два независни извори.

Како што информира дописникот на МИА од Софија, вчера Француската амбасадорка Флоренс Рубин се сретна со членовите на Групата за пријателство со Франција во Националното собрание. На оваа средба се разговараше за документот и  дали владата во Софија го има потребното мнозинство да го прифати.

Поврзани новости