Францускиот предлог воопшто нема гаранции, смета Попоски

by Fokus

Поранешниот шеф на македонската дипломатија Никола Попоски смета дека францускиот предлог воопшто нема гаранции, но тоа, како што рече, може да се релативизира.

-Ниту една земја членка кога го почнала процесот немала такви гаранции, единствена гаранција била – ќе станете земја членка. Кога – не се знае, во која форма – не се знае, под кои услови – не се знае, затоа е заедничката позиција на ЕУ, изјави Попоски во „Тема на денот“ на Сител телевизија.

Според него, во овие услови никој ништо не гарантира и не треба да креираме очекувања дека сега некој ќе дојде и ќе ни каже „100 отсто сега вака ќе биде и по ваше“. Тоа, како што рече, нема да се случи.

Попоски смета дека има голем знак прашалник над нашите националните интереси и дека не треба да ги преувеличуваме ризиците.

-Нашиот фокус во овој момент е ако ние сме согласни меѓу сите политички партии во Парламентот, да упатиме барање директно до францускиот и до германскиот Парламент, до нивните собранија, тие да усвојат декларации, нивни декларации во кои ќе се повикаат на Универзалата декларација за човекови права и нашето право да имаме македонски јазик, да се чувствуваме како Македонци и во иднина тие да бидат дел од ЕУ, во оној момент кога ќе станеме земја членка, порача Попоски.

Поврзани новости