Францускиот предлог ќе го деблокира и договорот за Фронтекс

by Фокус

Европската Комисија ќе даде детали за договорот со Фронтекс, кој Софија досега го блокира поради македонскиот јазик.

Според македонските владини претставници, преговарачката рамка предложена од француското претседателство треба да го деблокира и договорот за Фронтекс, кој Северна Македонија не можеше да го потпише до сега поради одбивањето на Бугарија во него да стои македонски јазик.

-Сега ги разгледуваме практичните импликации вклучително и за можноста за договорот со Фронтекс, треба да се видат низа оперативни детали на таа тема, да се види кои ќе бидат импликациите врз него – рече за МИА портпаролката на Европската Комисија, Дана Спинант.

Поврзани новости