Францускиот предлог ќе биде објавен на веб страницата на Владата

by Fokus

На владината веб страница денеска ќе биде објавен францускиот предлог за отстранување на бугарското вето и за старт на преговорите за членство на Република Северна Македонија во Европската унија.

Францускиот предлог во интегрална форма ќе биде објавен веднаш по средбата на лидерите на партиите од владината коалиција закажа во Владата во 11 часот, објави премиерот Димитар Ковачевски на фејсбук.

– Веднаш по средбата, предлогот во интегрална форма ќе го објавиме на официјалната веб страна на Владата. Во текот на денот, покрај средбата со коалицијата, ќе се одржат низа консулатации и разговори со експертската и стручната јавност како и медиумите. Како што веќе најавив вчера целиот процес ќе се одвива транспарентно, а јавноста во детали ќе биде запознаена со сите следни чекори. Повикувам на одговорност од сите релевантни чинители во општеството, шпекулации за важни државни и национални прашања не одат никому во прилог, наведува Ковачевски.

Тој апелира до сите политички актери и медиумите да се потпираат на официјалните информации од институциите и побара конструктивност и поддршка од сите чинители за да се донесе мудра одлука во интерес на сите граѓани.

Поврзани новости