Идејата на ЕК е да се отвори првиот кластер до крајот на оваа година, ако си ги завршиме обврските со уставните измени, тврди вицепремиерот за европски прашање Бојан Маричиќ. Во вечерашната Топ Тема на Телма, Маричиќ потенцираше дека по прв пат зависи само од нас дали ќе решиме да сопреме или не. Осврнувајќи се на противењето на опозицијата рече дека таа има право да дискутира, но има и одговорност да не ја сопре сопствената држава на овој пат.
-Ние сме свесни дека ова е неправедно и дека гранцускиот предлог не е идеален. Така свесни и го предложивме во Собрание. Свесни сме и дека премногу отстапки направивме до сега, но исто така сме свесни и дека по прв пат имаме реална шанса да ги завршиме преговорите, односно да продолжиме понатаму и да го направиме тоа што не успеавме 17 години, да станеме членка. Тоа е реална можност. тоа не е веќе само теоретска шанса – рече Маричиќ.
За време на посетата на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи и Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, како дел од Советот за стабилизација и асоцијација кој по 4 години се одржа во Скопје, Маричиќ рече дека владата од нив побарала на граѓаните и пратениците да им ги пренесе истите пораки кои ги испраќа до неа.
-Она што ние го баравме од ЕУ; пораките кои што нам ни ги праќаат како Влада да ги кажат отворено и на јавноста и на парламентарците. Тое е дека нема можност за репреговарање или повторно преговарање на преговарачката рамка и на целиот пакет од францускиот предлог. Губење време е да се очекува дека повторно ќе се преговара, и дека уставните измени како обврска не треба да ги тргнеме од масата бидејќи тоа може да ни го загрози патот и динамиката која што ја имаме на пристапувањето кон ЕУ – посочи вицепремиерот.