Францускиот пензионер кој уби тројца Курди сакал да убива мигранти

by fokus

Францускиот пензионер, кој во петокот призна дека убил тројца Курди во Париз, прво отишол во предградието Сен Дени на главниот град, каде живеат многу имигранти, „да убива странци, мигранти“, за кои рече дека има „патолошка омраза“, јавија француски медиуми повикувајќи се на обвинителството.

Тој „на крајот се откажал затоа што имало малку луѓе (околу) и поради неговата облека, што го спречила лесно да го наполни оружјето“, рече Лоре Беко, обвинителка во Париз.

Шеесет и деветгодишниот осомничен, кој вчера беше пуштен од притвор поради здравствени причини и префрлен во полициската психијатриска болница, се опиша себеси како „депресивен“ и „со самоубиствени мисли“. Тој прецизираше дека „отсекогаш сакал да убива мигранти, странци“ – желба, според него, откога неговиот дом бил ограбен во 2016 година.

Поранешниот машиновозач жестоко ги претепал крадците. За ова на 30 јуни беше осуден на една година затвор, но поднел жалба.

Поврзани новости