637
Францускиот министер за култура Франк Ристер е заразен со новиот коронавирус, соопшти денеска неговиот кабинет, дополнувајќи дека е во „добра форма“ и е во домашна изолација во Париз.
„Министерот денеска се тестираше откако тој покажа симптоми“, се вели во соопштението и се дополнува дека Ристер поминал неколку дена во парламентот минатата недела, каде се потврдени повеќе случаи на инфекцијата.
Петмина пратеници и двајца вработени во францускиот Парламент се заразени со вирусот, од кои двајца учествувале на состаноците на Комисијата за прашања од културата.
Во Франција, потврдени се 1.412 случаи на коронавирус, а 25 се починати, од кои четири смртни случаи се пријавени денеска.