675
Францускиот дневен весник „Ла Кроа“ во денешното издание го анализира изборот на новата влада на Република Северна Македонија. Од весникот го преставуваат портретот на премиерот Зоран Заев, кој ќе ја предводи коалициската влада.
– Зоран Заев не е трибу што пали толпи. Но, шефот на владата на Северна Македонија, повторно назначен од парламентот на 30 август, знае како да го управува својот брод, пишува новинарката на „Ла Кроа“ Мари Вердие, инаку добар познавач на приликите во Македонија и воопшто на Балканот.