Владата на Франција соопшти дека планира да назначи амбасадор за прашања кои ги засегаат лезбејките, геј, бисексуалците и трансродовите лице и кој ќе ги брани правата на квир луѓето во светот, јави ДПА.
Премиерката Елизабет Борн денеска го соопшти планот, велејќи дека назначеното лице ќе треба да работи на меѓународно ниво за декриминализација на хомосексуалноста и транс идентификацијата.
– Во последниве години, правата на ЛГБТ+ беа доведени во прашање, вклучително и на европско тло, рече Борн. Ова е неприфатливо, додаде таа.
Новата позиција ќе биде во рамки на Министерството за надворешни работи.
Борн, исто така, најави дека дополнителни средства ќе бидат искористени за зајакнување на центрите за ЛГБТ+ лица и за создавање дополнителни институции. – На француско тло, целта е да има најмалку два центри по регион, информираше премиерката.
Пред 40 години, Франција го укина законот со кој се поставува возраста за сексуална согласност за истополовите лица повисока отколку за хетеросексуалните врски. Хомосексуалноста беше официјално декриминализирана во Франција во 1791 година.