Париската полиција со солзавец ги растеруваше демонстрантите пред партиското седиште на францускиот претседател Емануел Макрон, кои штрајкуваат против неговиот предлог пензиски реформи, кој предвидува зголемување на старосната граница за заминување во пензија од 62 на 64 години.
Лидерот на партијата ,,Република” на Макрон, Станислас Герини, го осуди настанот, опишувајќи го како „обид за напад од радикализираните демонстранти“ во канцелариите на партијата.
Во телевизиското новогодишно обраќање до нацијата, Макрон рече дека очекува премиерот Едуард Филип да најде компромис со синдикатите и групите на работодавачите кога станува збор за прашањето за пензиските реформи.
Пред два дена, пак, шефот на еден од најсилните синдикати, ЦГТ, Филип Мартинез, изјави за дека го повикува „ францускиот народ да се мобилизира, да протестираат и да штрајкуваат“.
Протестите, кои денес влегоа во 29-тиот ден, се најдолги од 1968 година.