533
Министерката Женевиев Дариесек, државен секретар во Министерството за вооружени сили на Република Франција, која денеска во Битола имаше заедничка прес-конференција со министерката за одбрана Радмила Шекеринска на новинарско прашање во врска со документот „нон-пејпер“ што проциркулира низ државите членки на ЕУ, таа изјави:
-Да се зборува за еден работен документ што нема никаква официјална важност, а за знам дека во последно време се пишуваше низ медиумите за него, е навистина нешто што допрва ќе треба да се разгледува и затоа треба кон крајот на месец јуни да размислиме за стигнување до вашата конечна цел. Знам дека беше направена огромна работа, ви престои уште, и свесни сме за напредокот што го постигна државата, одговори Дариесек.