Француската амбасадорка во Софија повикана во бугарското МНР: Макрон беше погрешно протолкуван

by Фокус

Француската амбасадорка во Бугарија, Флоренс Робин, била повикана во бугарското Министерство за надворешни работи за да ја објасни изјавата на Емануел Макрон, кој во интервју за десничарскиот весник „Актуелни вредности“ рече дека „повеќе ги сака илегалните мигранти од Гвинеја и Брегот на Слоновата Коска отколку бандите од Украина и Бугарија“.

Тоа беше окарактеризирано како дипломатски скандал, по што Робин била повикана на разговор со бугарскиот заменик-министер за надворешни работи Петко Дојков, кој, како што објави бугарското МНР, и рекол дека Софија е збунета поради ставот на францускиот претседател.

Според агенцијата БТА, француската амбасадорка изразила жалење за непријатноста, истакнувајќи дека зборовите на Макрон биле погрешно протолкувани и извадени од контекст и појаснувајќи дека тие не се однесувале на бугарската влада, бугарските граѓани или бугарските работници.

Поврзани новости