Разбираме дека сигналот кој што беше даден е многу негативен и не сакаме тоа да предизвика реакција против Франција и против нејзиниот став, но таа порака треба да биде сфатена дека не станува збор за негативна активност кон Македонија, вели во интервју за МИА Елен Конвe-Муре, заменик претседател на францускиот Сенат, која е во дводневна посета на земјава.
-Не станува збор за вето, ниту за одбивање од страна на Франција, затоа што Франција не сака да го блокира процесот, туку само се изјасни негативно во однос на прашањето, затоа што можеби денес ЕУ не е подготвена да прифати нови земји членки и неопходно е да се видат одредени критериуми кои што ќе помогнат да се пристапи кон членство и прифаќање на нови земји – кандидати – вели Kонве-Муре.