Франциск: Да не трошиме многу за Божик, тоа што ќе го заштедиме да го испратиме во Украина

by Fokus

Папата Франциск ги покани христијанските верници ширум светот на поскромна прослава на Божик оваа година со цел да им се помогне на Украинците со „конкретни гестови на милосрдие“.

„Убаво е да се слави Божик и да се слави, но ве повикувам малку да го намалите нивото на трошење на Божик. Да го прославиме Божик поскромно и да го испратиме тоа што ќе го заштедиме на граѓаните на Украина на кои им е потребно“, рече Папата.

Од почетокот на војната во Украина, папата Франциск во неколку наврати повика на испраќање помош за земјата.

Ватикан организираше неколку хуманитарни акции за помош на Украина.

Поврзани новости