Двете недели на интензивна предизборна кампања во периодот помеѓу двата круга на претседателските избори, кои се всушност реприза на изборите од пред пет години, беше обележан со „сè освен Ле Пен“ со предност пред „сè освен Макрон“ и со улогата на третиот човек на изборите Жан-Лук Меланшон.
Без разлика на исходот од изборите в недела, тие ќе означат нова фаза во рекомпонирањето на францускиот политички пејзаж, јави дописникот на МИА.
Од полноќ Франција е во предизборен молк, во очекување на вториот круг на претседателските избори кои поминаа во поинтензивна кампањата во споредба со првиот круг. Утре 47,8 милиони Французи се повикани на гласање за да одлучат меѓу Емануел Макрон и Марин Ле Пен. Како пред пет години, но во контекст кога електоратот на Жан-Лук Меланшон, трет човек на гласањето во првиот круг со 22 отсто од гласовите, се чини дека е одлучувачки за конечната победа.
Додека претседателот во заминување води во трката во анкетите со 55 до 57% од намерите за гласање според последните испитувања објавени во петокот и додека дебатата меѓу финалистите што се одржа во средата не и дозволи на кандидатката на Р.Н. (крајната десница) да предизвика пресврт, апстиненцијата повторно ќе биде еден од главните фактори на утрешните избори.
Во 2017 година, кога победата на Ле Пен едноставно не беше веродостојна хипотеза, одзивот падна помеѓу првиот и вториот круг (од 77,8% на 74,6%). Што ќе се случи пет години подоцна кога изборите изгледаат, сè освен изненадување, односно повторно ветена победа на Макрон.
За време двете недели интензивна предизборна кампања, „републиканскиот фронт“ – за кој Макрон сметаше дека повеќе не постои – првично се појави во многу лоша основа во позадина на банализирање на РН и омраза кон претседателот во заминување.
Анкетите на јавното мислење во текот на овие две недели меѓу двата круга покажаа дека појдовната казна е преголема за претседателот во заминување. Ако и Макрон и Ле Пен испратија повик да му се попречи патот на противникот, се чини дека „сè освен Ле Пен“ има предност пред „сè освен Макрон“.
Но, додека, според анкетата на БВА објавена во петокот, 65% од Французите сега сметаат дека РН е „партија како другите“ (наспроти 54% во 2017 година), нејзиниот претставник треба да го достигне највисокиот резултат во историјата на нејзиното политичко семејство на претседателски избори. Ова е еден вид надеж да пожнее посочни плодови од 2017 година на парламентарните избори (само осум пратеници) и значаен дел од политичкото рекомпонирање кое се чини дека се најавува со колапсот на традиционалните партии (ПС (социјалистите и ЛР-Републиканците) во првиот круг.
Надвор од неколкуте програмски отстапки изведени како намигнување кон левицата и десницата, Емануел Макрон се обиде да ги собере или, едноставно, да ги увери Французите пред сè, насочени кон антирепубликанските предлози на Ле Пен и нејзиниот недостаток на економски кредибилитет. Неговиот статус на државник на крајот ќе тежи многу во негова корист и, ако тој е повторно избран за нов мандат, тоа е уште еднаш благодарение на гласовите на левицата, пред сè на повеќе од 7,7 милиони кои гласаа за Жан-Лук Меланшон во првиот круг.