303
Француските власти одлучија да ги поддржат издавачите на весници и списанија со пакет од 30 милиони евра поради енергетската криза, јави ДПА, повикувајќи се на Министерството за култура.
Одлуката е мотовирана со аргументот дека високите производни цени ја доведуваат во прашање мисијата на медиумите да ја информираат јавноста.
Под притисок на високите цени, некои издавачи беа принудени да го намалат бројот на страници во нивните изданија, како и да престанат да објавуваат вонредни изданија, соопшти Министерството.
Финансиска помош ќе биде наменета за издавачите кои се во особено тешка ситуација поради последиците од војната во Украина.