783
Во изминатите 24 часа во Франција се регистрирани нови 25.086 случаи со Ковид-19 и 122 починати лица, јави дописникот на МИА.
Според официјалните податоци, во изминатите седум дена хоспитализирани се 6.906 лица, од кои 1.204 се наоѓаат на интензивна нега. Од друга страна, идентификувани се 136 нови кластери, со што бројот на кластери кои се испитуваат достигна 1.615 во земјата.
Од почетокот на пандемијата досега во Франција се заразени 834.770 лица.