895
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан предупреди денеска дека „сите елементи“ се во прилог на тоа дека Русија може да изврши „голема офанзива“ против Украина, откако Москва распореди илјадници војници на нејзините граници.
– Дали ги има сите елементи за голема офанзива на руските сили во Украина? Да ги има, можно е, можно е брзо да се случи“, изјави Ле Дриан за телевизијата Франс 5.
Тој додаде дека ништо не сугерира дека Москва се уште донела одлука.