Франција предлага формирање Европска политичка заедница

by fokus

Франција, која во моментов претседава со Советот на ЕУ, претстави неформален документ со кој се предлага формирање на „европска политичка заедница“ до крајот на оваа година, отворена за сите европски земји кои сакаат заедно да придонесат за безбедноста, стабилност и просперитетот на европскиот континент“.

-Европската политичка заедница би била отворена за европските земји кои споделуваат заеднички збир на демократски вредности, без разлика дали се членки на Унијата или не и без разлика на нивниот моментален однос со Европската унија: дали сакаат да ѝ се приклучат, ја напуштиле, не планираат да се приклучат или се поврзани со неа само со економски договори“, се наведува во текстот на документот.

Франција во својот т.н „нон-пејпер“ поднесен за разгледување и понатамошна дискусија, наведува дека тековната политика на проширување, поради обемните реформи и времетраењето на процесот, „не ја нуди потребната политичка рамка за да одговори на итните историски и геополитички потреби“ кои произлегуваат од почетокот на војната против Украина, како ни за „политичко структуирање“ на европскиот континент.

– Европската политичка заедница не би била алтернатива за членството во ЕУ и не би била замена за процесот на проширување. За европските земји кои сакаат да се приклучат на Европската унија, тоа би овозможило зајакнување на врските со земјите-членки на ЕУ пред пристапувањето, како политички, така и во однос на учество во одлучувањето во одредени политики на ЕУ, вклучително и постепена интеграција во внатрешниот пазар на ЕУ, пишува во документот.

 

Поврзани новости