Франција влезе во својата трета целосна блокада од почетокот на пандемијата поради зголемениот број на новозаразени со коронавирусот, јави Би-Би-Си.
Сите училишта и продавници кои не се неопходни ќе бидат затворени четири недели, а полицискиот час ќе важи од 19:00 до 06:00 часот секој ден.
Бројот на сериозно болни пациенти во одделите за интензивна нега во петокот се зголеми за 145, што е најголем скок во претходните пет месеци.
Францускиот претседател Емануел Макрон вети повеќе болнички кревети за пациентите.
Најголемата борба во Франција е во одделенијата за интензивна нега, каде што се лекуваат околу 5.000 пациенти.
Иако рестриктивните мерки стапија на сила вчера, од вторник на граѓаните ќе им треба потврда доколку планираат да патуваат на повеќе од 10 километри од нивниот дом.