Франција лани потрошила 160 милијарди евра за здравствената криза

by fokus

Здравствената криза Франција минатата година ја чинеше повеќе од 160 милијарди евра, изјави министерот за јавни финансии Оливие Дисопт, додавајќи дека оваа бројка не е конечна, јави дописникот на МИА.

-Помеѓу загубата на приходите и трошоците што ги направивме за да се справиме со кризата,  за социјалното осигурување во смисла на загуба на приходи поврзано со падот на активноста, трошоците (… ) може да се проценат на околу 160 до 170 милијарди евра, изјави Дисопт во Сенатот.

Оваа бројка, според него, не е дефинитивна бидејќи земјата се уште е во епидемиска и здравствена криза, и во функција се се уште неколку механизми за итна поддршка за компаниите и вработените.

Владата прави анализи на оваа невидена криза. Во јануари, Министерството за економија посочи дека државата лани потрошила  речиси 42 милијарди евра за итни трошоци, вклучувајќи ги и 17,8 милијарди евра за делумна невработеност, 12 милијарди за фондот за солидарност, четири милијарди за финансирање на ослободувањата од социјалните придонеси и осум милијарди евра поддршка за јавни претпријатија. Кон ова сума се додава и дефицитот од 37,1 милијарди евра даночни приходи (ДДВ, данок на претпријатија и сл.) 

Во областа на социјалното осигурување, потребно е да се избројат исклучителните трошоци поврзани со пандемијата (маски, тестови, запирање на работата) или дури и загуби на приходите од социјални придонеси во споредба со нормалната економска состојба.

Поврзани новости