49
Франција, на предлог на претседателот Емануел Макрон, ја подигна безбедноста на највисоко ниво по терористичкиот напад во Москва, објави францускиот премиер Габриел Атал.
„Со оглед на тоа што Исламска држава ја презеде одговорноста (за нападот во Москва), како и поради заканите за нашата земја, решивме да ја подигнеме безбедноста на највисоко ниво“, изјави Атал на платформата Х.
Во терористичкиот напад извршен во петокот во концертната сала „Крокус сити хол“ кај Моксва, според последните податоци загинале 137 лица, а 180 се повредени.
Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.