524
Фудбалската репрезентација на Франција израмни на 2:2 во осумдесеттите минути од финалниот натпревар со Аргентина на Светското фудбалско првенство.
На головите на фудбалерите на Франција се радуваше францускиот претседател, Емануел Макрон.
На крајот на првото полувреме Аргентина поведе со 2:0, но Франција изненади на крајот на натпреварот.
Аргентина поведе во 23 минута преку Меси од пенал, откако претходно Усман Дембеле го фаулираше Ди Марија.
Само 13 минути подоцна Ди Марија го удвои водство на асистенција на Алексис Мек Алистер во акција која од средината на теренот ја започна Меси.