Франција и Италија влегуваат во новата 2022 година со рекорден број нови случаи на коронавирус, при што многу настани се откажани поради брзото ширење на омикрон.
Франција во петокот пријави 232.200 нови случаи на Ковид-19, што претставува апсолутен рекорд од почетокот на пандемијата.
Новиот број на заразени за 24 часа е поголем од 200.000 трет ден по ред.
Париз, како и многу други престолнини, оваа година нема традиционални прослави.
Италија. исто така. објави рекорден број нови случаи со повеќе од 144.000 случаи.
Според официјалните податоци, 155 лица починале како последица на инфекција со коронавирус.
До средината на декември, дневните бројки се движеа под триесет илјади, но почнаа да растат за време на празничната сезона.
Владата одлучи да воведе нови мерки поради ширењето на вирусот.