Франција и Германија со предупредување до Русија за Украина

by Fokus

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди дека Русија ќе плати „многу висока“ цена доколку ја нападне Украина, инсистирајќи дека Париз е обединет со Берлин за потребата од „деескалација“.

-Франција и Германија нема да го напуштат дијалогот со Русија, но, ако има напад, ќе има одмазда и цената [за Русија] ќе биде многу висока, рече Макрон на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин.

Соединетите Држави и нивните западни сојузници преземаат чекори за да се спротивстават на трупањето на околу 100.000 или повеќе руски војници во близина на границата со Украина, поради стравувањата дека земјата ќе го нападне нејзиниот сосед.

Шолц рече дека неопходно е сега да се направи сè за да се осигура дека ситуацијата се развива поинаку отколку што понекогаш се стравува во моментов.

-Затоа, очекуваме јасни чекори од Русија кои придонесуваат за деескалација на ситуацијата и сите се согласуваме дека воената агресија би имала сериозни последици, додаде канцеларката.

Макрон рече дека телефонски ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин на 28 јануари. Разговорите ќе бидат дел од „потребниот дијалог“ со Русија и ќе дадат шанса да се добие „појаснување“ за стратегијата на Москва за Украина, рече тој.

Поврзани новости