Франција и Германија апелираат да се отворат границите меѓу државите во ЕУ

by Fokus

Претседателите на францускиот и на германскиот парламент, Ришар Феран и Волфганг Шојбле, апелираа што поскоро да се отворат границите на европските земји, по
неколкунеделната блокада поради пандемијата.

-Франција и Германија мора да работат на итно обновување на слободното движење во Шенген зоната, кога ќе се исполнат условите за тоа, велат Феран и Шојбле во заедничката изјава доставена до француски медиуми.

Во соопштението се наведува дека затворањето на француско германската граница веќе има последици, особено во однос на перцепцијата на француско-германските односи. Текстот беше објавен два дена пред состанокот на Францускогерманското парламентарно собрание, посветено на лекциите што треба да се научат во Европа од пандемијата на коронавирусот.

Поврзани новости