Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) Карим Кан ги обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, министерот за одбрана Јоав Галант и тројцата водачи на Хамас Јахја Синвар, Мухамед Деиф и Исмаил Ханија за воени злосторства и злосторства против човештвото во Појасот Газа и во Израел.
Иако Нетанјаху и Галант не се соочуваат со неизбежно апсење, вчерашната објава е симболичен удар што ја продлабочи изолацијата на Израел поради војната во Газа, наведува АП.
„Франција го поддржува Меѓународниот кривичен суд, неговата независност и борбата против неказнивоста во сите ситуации“, соопшти доцна синоќа француското Министерство за надворешни работи.
„Злосторствата извршени во Газа мора да бидат кривично гонети на највисоко ниво, без оглед на сторителите“, објави во исто време белгискиот министер за надворешни работи Хаџа Лахбиб.
Нетанјаху и другите израелски водачи го осудија потегот на обвинителот на МКС како срамен и антисемитски.
Американскиот претседател Џозеф Бајден исто така го критикуваше обвинителот и го бранеше правото на Израел да се соочи со Хамас.