Франција: Германија да се откаже од Северен поток 2 поради Навални

by Fokus

Франција ја повика Германија да се откаже од големиот проект за гасовод со Русија во знак на протест поради апсењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во Москва.

– Отсекогаш сме велеле дека имаме најголеми сомнежи во врска со овој проект, истакна францускиот министер за европски прашања Клемент Бон, мислејќи на Северен поток 2.

Илјадници луѓе во Русија протестираа вчера низ целата земја, втор викенд на масовни собири против апсењето на Навални, кој е најголемиот критичар на претседателот Владимир Путин. Повеќе од 4.000 демонстранти беа приведени.

Поврзани новости