Француското Министерство за надворешни работи утринава соопшти дека Франција евакуираше речиси 400 свои граѓани и државјани на неколку други земји од Судан, во неколку воздушни операции меѓу Картум и Џибути.
-Евакуирани се 388 лица, вклучително и француски државјани кои сакаа да заминат, како и значителен број граѓани на други земји, Европејци (Германија, Австрија, Данска, Финска, Грција, Унгарија, Италија, Ирска, Холандија, Романија, Велика Британија, Шведска, Швајцарија), но и африканските земји (Јужна Африка, Бурунди, Етиопија, Лесото, Мароко, Намибија, Нигер, Уганда, Руанда, Судан), Америка (САД, Канада), Азија (Индија, Јапонија, Филипини), се вели во соопштението.
Се додава дека сите државни служби се целосно мобилизирани за што поскоро да се обезбедат нови евакуации и испратена е покана до сите страни во конфликтот да ги прекинат борбите и да се вратат на политичкиот дијалог.